БНТ: Роднини на загинатите во автобусот на „Струма“ бараат паралелна истрага

 

Исто така, блиски на загинатите изјавиле за телевизијата дека oчекуваат повеќе информации за злато и накит во вредност од илјадници евра, што патниците ги носеле со себе
По трагедијата со македонските туристи на автопатот „Струма“, преживеаните и роднините на загинатите побараа Окружниот суд во Перник паралелно да ги испита причините за несреќата и очекуваат повеќе информации за злато и накит во вредност од илјадници евра што патниците ги носеле со себе, јави БНТ.

Речиси два месеци по големата трагедија, дел од преживеаните се враќаат во Бугарија.

Братот на Ќамуран живее втор живот. Тој веќе се опорави физички, но не и психички. Тој престана да зборува откако се вратил дома.

Ментално не е добро. Тој е со мене два месеци. Го чувам. Имаме и други кои не се добри психички. Тие не можат да зборуваат. Само го повторуваат истото – „не знам“, „не знам“. Што да кажам, поголема катастрофа во светот нема“,

вели Камјуран Пајазитовски.
Ужалените семејства се уште ги чекаат зачуваните работи на своите најблиски. Тие беа вратени од бугарската истрага во Северна Македонија, но постапката за идентификација се уште не е започната.

Имам докази дека мојата снаа имала накит од 7 000 евра за време на патувањето. Златото не гори,додава Ќамуран Пајазитовски.

И преживеаните и роднините на загинатите инсистираат на паралелна истрага за причините за трагедијата, освен кривичната постапка што ја покрена обвинителството. Предметот за обезбедување на доказите е поднесен пред окружниот суд во Перник, се наведува во сторијата на БНТ.

Во автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, што се случи на 23 ноември, загинаа 45 лица, од кои 12 деца, а седуммина беа повредени. Тие се враќале од туристичко патување во Турција.

Back to top button
Close