Бојан Христовски за ТВ 24: Имам безбедносен НАТО сертификат

Директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски добил НАТО сертификат и во иднина ќе може да располага со сите доверливи информации во однос на Алијансата. Христовски за „ТВ 24“ потврди дека проверките кои започнале пред Нова година се завршени и дека добил позитивно мислење од сите потребни институции.

– Можам да потврдам дека е обезбедено позитивно мислење за издавање на НАТО безбедносен сертификат, а сето тоа согласно процедурата во која се инволвирани повеќе институции. Процесот на проверки започна пред околу 2 месеци, а заврши пред десетина дена. – вели Христовски.

 

Што значи безбедносен НАТО сертификат ? Голем корпус на поранешни и сегашни функционери веќе го поседуваат документот кој подразбира комплексни безбедносни проверки, а за кој тврдат дека завршува со сертификат и со неопходна верифицирана картичка. Експертите порачуваат дека Алијансата длабински ја проверува подобноста на кандидатот, добива мислење од надлежните државни институции, а познавањето на англиски јазик воопшто не е критериум.

– Безбедносните проверки за тоа дали некое лице претставува или не е од безбедносен ризик, ги вршат Агенцијата за национална безбедност (АНБ) за сите цивилни лица и Армијата односно Воената службa за безбедност и разузнавање за вработените во Министерството за одбрана и Армијата. ДБКИ е таа пак која пред НАТО гарантира за одредено лице дека не претставува безбедносен ризик односно дека се извршени безбедносните проверки, се вели во сторијата на „ТВ 24

Back to top button
Close