Бојко Борисов подава рака на Македонија, Бугарија задоволна од усвоениот

Откако денеска беше усвоен Извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија без да се спомене во него македонскиот јазик и идентитет, официјална Софија веднаш изрази задоволство од документот.

,,Со својата резолуција за извештајот за напредокот на Република Северна Македонија, Европскиот парламент не дозволи тој да биде инструментализиран за потребите на внатрешната политичка дебата на земја-кандидат“, коментираше министерот за надворешни работи Георг Георгиев.

Реагираше и лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов.

,Драго ми е што гласот на Бугарија беше слушнат.Повторно им подавам рака на нашите пријатели во Северна Македонија да продолжиме напред заедно, врз основа на почитување и спроведување на Договорот за пријателство и добрососедство. Во мене и во лицето на Бугарија, тие секогаш ќе имаат искрен и близок партнер”, изјави Борисов

Back to top button
Close