Бојко Борисов се откажа од пратеничкиот мандат

Лидерот на ГЕРБ и поранешен долгогодишен бугарски премиер, Бојко Борисов, нема да биде пратеник во 47. Народно собрание, соопшти Бугарското национално радио, повикувајќи се на свои извори.

Борисов поднел и изјава до Централната изборна комисија на Бугарија дека се повлекува од своето пратеничко место. Ова е трето Народно собрание во кое Бојко Борисов одбива да биде пратеник.

Мотивите за ваквата одлука се уште не ги кажува ниту Борисов ниту неговите соработници од ГЕРБ.

Back to top button
Close