Бојкот на работата во Управата за матични книги, утре нема издавање на никакви документи!

По едногодишни неуспешни преговори, Управата за матични книги утре ќе ја бојкотира работа, што значи дека нема да издаваат никакви документи.

Бојкотот е, како што велат, поради непочитување на Колективниот договорОд Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ) и вработените во Управата за водење на матични книги, велат дека, минататa недела се договориле на ваков чекор, бидејќи досега нема решени за нивните барања.

 

Вработените и утре ќе бидат на своите работни места, но документи нема да издаваат, а бидејќи секој од нив заслужува 20 отсто, поради тежината на работата, поради тоа што работат со доверливи документи, но досега нема никаков договор, на минатонеделниот состанок се договоривме да бојкотираме. Еднодневниот прекин за работата на 16. декември е во знак на револт поради долголгогодишно непочитување на Колективниот договор и игнорирање на нашите барања за подобри услови и повисоки плати.

Back to top button
Close