Боби Трајковски, менаџер: Ќе го донесам Катар во Скопје

Некогаш го прогласија за најпосакуваниот ерген во Скопје, беше и најуспешен менаџер прогласен од град Скопје во 2015, менаџирајки го популарниот кафе ресторант Дежаву во Скопје. Потоа за кратко го снема, за повторно да се врати во неговиот матичен ресторант.

Каде те снема?

Добив безобразна понуда од Катар која не сакав да ја одбијам. Со амин од менаџментот на Дежа-ву заминав да се доусовршам во оваа арапска земја и да ви кажам искрено тоа искуство нема цена. Работев како генерален менаџер на добро позната  италијанска франшиза на ресторани, каде што бев одговорен за 4 ресторани од тој ланец. За само една година брендот што го менаџирав во Катар доби номинација за бренд на годината и планира да ја прошири дејноста поради успешната работа.

Сега се врати повторно во Дежаву, дали ќе донесеш дел од твоето искуство стекнато во Катар?

Дефинитивно Да, за жал напредноста на угостителскиот сектор надвор од Македонија е на многу повисоко ниво и од година за година гледаат како да се доусовршат со разно разни иновации. Првично што би имплементирал е самата енергија на релација келнер и менаџер со секој гостин. Сите заслужуваат кралски третман на услуга, а Дежаву го има тој капацитет што јас повторно ке го кренам на повисоко ниво бидејќи Дежаву доби награда за бренд на годината неколку години по ред и заслужува тоа да се повтори.

Дали имаш амбиции да се вратиш повторно во некоја од арапските земји или планираш да останеш во Македонија?

Сега за сега сум тука, но мојата амбиција е да го однесам овој Македонски бренд во некоја од арапските земји. Дежаву дефинитивно го заслужува тоа!

Инаку кафе рестораните Дежаву се проширија во Т.Ц. Лептокарија, а наскоро ке отворат уште една џелатерија на Боемска улица.

Зоран Василевски

Back to top button
Close