Боцевски ќе го „вдомат“ во Стокхолм, Зендели ќе оди во Данска, а Трпевски во Тирана
Сега се во игра различни комбинаторики за именување нови амбасадори во останатите испразнети амбасади, со оглед дека треба да се задоволат „апетитите“ на коалициските партнери, но и да се испочитува изборот на трите актери во надворешната политика – Владата, МНР и претседателката на државата

Ивица Боцевски ќе биде нов македонски амбасадор во Шведска, Фадил Зендели ќе замине во Данска, а Веле Трпевски ќе ја претставува Македонија во Албанија, пренесе аСлободен печат “од неофицијални до владини извори”.
Овие тројца кандидати поминале на владина седница, но според процедурата, официјално ќе бидат објавени откако ќе добијат агреман, по што ќе треба да ги бранат тезите и пред собраниската Комисија за надворешна политика, велат нашите извори.
Боцевски минатата година во септември беше назначен од Владата за специјален владин претставник за унгарското претседателство со ЕУ по што се шпекулираше дека можеби ќе биде именуван за амбасадор, но сѐ остана на шпекулација. Претходно во 2016 година Боцевски стана прв македонски амбасадор во Бразил, каде што замина со указ на тогашниот претседател Ѓорге Иванов кому му беше советник.
Зендели кој ќе биде амбасадор во Копенхаген е доктор од Гостивар и поранешен пратеник од Движењето БЕСА, додека Трпевски е професионалец од Министерството за надворешни работи кој порано еднаш веќе беше амбасадор во Тирана, а потоа и во Австралија, а според интернет страницата на МНР, сега е директор на Директоратот за организациони работи.
…
повеќе