Бодигард на Мицкоски или луѓе од СДСМ – кој е вмешан во аферата со земјиште?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги повика институциите да ја истражат неговата финансиска состојба.

Вака тој, всушност, одговори кон обвинувањата на СДСМ дека припадник на неговото обезбедување е вмешан во скандалот со препродавање на земјиште во Делчево, за што постапка отвори Финансиската полиција.

-Да го истражат секој денар кај мене, моето семејство и блиски пријатели и ако најдат една точка, запирка за поврзаност со овој случај ќе понесам одговорност. Ако не, да им се извинат. Јас сум навикнат на конструкции од СДСМ, но што ако испадне дека блиски луѓе до СДСМ соработувале со таа компанија – рече Мицкоски на Телма.

Тој додаде дека по пропаднатиот обид за формирање на ново парламентарно мнозинство, се уште е во контакт со Африм Гаши, Зијадин Села, Димитар Апасиев.

Како што рече, тие комуницирале во врска со денешниот избор на Трајко Славевски од ВМРО-ДПМНЕ за претседадач на Советот на Град Скопје.

-Сонувам за богата,просперитетна и модерна Македонија и тој сон ќе го реализирам – порача тој во интервјуто.

 

Back to top button
Close