Богдановиќ: Детето, за среќа, е само изгребано. Дрвото иако раззеленило, немало корен и паднало

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, во изјава за Либертас информираше дека повреденето дете од падот на дрвото кај ОУ Коле Неделковски, за среќа е само изгребано и нема посериозни повреди.

-Причинета е само материјална штета на паркираното возило. Детето е само изгребано и за среќа е добро. Уште еднаш сакам да нагласам дека, се случува често, во изградба, по ископувањето на улицата да откриеме дека извесни дрва немаат корен, иако тоа не се чини така. Дрвата раззеленуваат сезонски, но имаат болни корени. Вчера немаше ниту ветер, а дрвото падна. Затоа и покренавме акција, каде што обновуваме улици, да ги исечеме оштетените дрва – изјави Богдановиќ.

Back to top button
Close