Богдановиќ: Дрвото, иако се чинело здраво, имало исушени корени поради кои паднало
Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, на својот фејсбук профил ја информираше јавноста дека причината за паѓањето на дрвото на влезот на ООУ Коле Неделковски се исушените корени.
–
Вчера, во непосредна близина на влезот на ООУ Коле Неделковски, падна уште едно дрво. При извршениот првичен увид, дрвото е паднато поради исушените корени, исто како дрвото кое падна пред некој ден на улицата Орце Николов.

