Богдановиќ: Ќе ја надополниме кривичната пријава за противправно градење на поранешниот објект на Хотел Плаза

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, изјави дека градежен инспектор констатирал дека на поранешниот објект на Хотел Плаза повторно се гради без дозвола.

-Почитувани, Би сакал да ги известам граѓаните дека по пријава на граѓани, Секторот за инспекциски надзор на Општина Центар, веднаш испрати овластен градежен инспектор на терен, каде е констатирано дека се прекршени законските одредби согласно Законот.

Општина Центар, денешното незаконско делување од страна на сторителите, ќе го надополни во претходната кривична пријава и ќе ги преземе сите мерки до надлежните институции, поради недозволени градежни активности кои се одвиваат на територијата на Центар, на поранешниот објект на Хотел Плаза. – напиша Богдановиќ на фејсбук.

Инаку, во јули годинава, инспектори  заедно со полиција интервенираа на градилиштето на ТЦЦ „Плаза“ поранешно „Беко“ во центарот на Скопје, за да ја стопираат градбата на објектот. Тогаш работници за време на викендите изведуваат градежни работи за хотелот иако инвеститорот Борис Стојменов немаше дозвола за градба од Општина Центар, бидејќи на сила е мораториумот.

Градоначалникот Богдановиќ тогаш изјави дека градежна дозвола ќе добие откако ќе се донесе новиот план за Мал ринг.

Back to top button
Close