Богдановиќ: На Орце Николов исечени се 13 болни дрва кои ќе бидат заменети со 13 јавори

На улицата Орце Николов која веќе еден месец се реконструира денеска се исечени 13 дрвја. Станува збор за потегот од улица Ленинова до Наум Наумовски-Борче.

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ вели дека дрвјата се сечат бидејќи се стари и болни.

„Дрвјата кои се отстрануваат се стари и болни, со трули стебла, чии гранки удираат во станбените објекти кои се наоѓаат на улицата и претставуваат опасност за минувачите. Отстранетите дрва наскоро ќе бидат заменети со нови, висококвалитетни садници од видот јавор, кои од наесен дополнително ќе го красат новиот лик на улицата Орце Николов“, вели градоначалникот Саша Богданович.

Од ЈП „Паркови и зеленило“ велат дека овие дрвја веќе подолг период биле обележани како стари и нaпоменуваат дека изминативе три години подигнати се нoви дрвореди и засадено е ново зеленило низ целиот град, а во пролетната акција ќе бидат засадени 8.000 дрвја.
Извор: СДК

Back to top button
Close