Богдановиќ: Нема да има протнување на спорните ДУП-ови за Центар

Нема да има никакво протнување на спорните дупови од Центар особено не за висококатниците на локацијата кај Холидеј Ин, тврди градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ. Експертите претходно ја обвинуваа власта дека со измените на законот за урбанистичко планирање кој по скратена постапка е во собранието, ќе се обиде на некој начин да ја протне изградбата на висококатниците на паркинкот кај Холидеј Ин. Со предложените измени, експертите тврдат дека се остава простор старите ДУП-ови да се применуваат ако намената и сообраќајните услови се во согласност со новиот Генерален Урбанистички План.

Министерството за транспорт добило 11 елаборати за суспензија од Општина Центар. Меѓу нив е и тој за Холидеј ин за кој бара целосна суспензија. Треба да одговори до 17 јуни, па советниците од Центар да пресечат- дали ќе се градат високатници или не во центарот на Градот. Велат измените во законот, се прават на барање на општините.

извор: Телма

Back to top button
Close