Богојески: Автопат Велес – Прилеп – Битола – Охрид е нужен за овој регион!

Петар Богојески денеска во Охрид го реафирмираше минатогодишниот проект од Македонски концепт за изградба на автопат Велес – Прилеп – Битола – Охрид.

„Ќе се поврзат и Крушево преку Кривогаштани, Демир Хисар преку Бучин, Ресен, Македонски Брод. Тој проект го најавивме на самиот почеток од промоцијата на Македонски концепт минатата година… целосно оправдан од планираните капитални инвестиции во патната инфраструктура“, истакна Богојески во својот пост на социјалните медиуми.

Македонски концепт на овие избори е под бројот 10 на избирачкото ливче.

Последна шанса за нешто заедно да направиме за подобра држава е главниот слоган на партијата, вели тој.

Back to top button
Close