Богојески ќе предава на Воена академија со препорака на министерот Мисајловски и го чека новото директорско место договорено со Мицковски
t
Неодамна разрешениот по барање на Брисел директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, денеска на социјалните мрежи објави дека ќе стане дел од наставниот кадар на Воената академија „Михајло Апостолски“.
– Почитувани граѓани,
Со особено задоволство и почит кон вас, Ве известувам дека денес бев избран во наставно – научно звање од страна на ННС на Воена Академија – Скопје.
Со тоа и официјално сум дел од наставната фела на оваа највисоко реномирана, научна и образовна институција!
Во исто време, продолжувам со научната и образовна дејност на Универзитетот за мир на Обединетите Нации, ЊуЈорк, САД.
Се гледаме наскоро и во служба на народот…
Со почит,
д-р Богојески – стои во објавата на Фејсбук.
Богојески си заминува од позицијата директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност е по директива од Брисел. Инфомакс уште пред неколку недели доби информации дека до Министерството за образование и наука и Национална агенција за европски образовни програми и мобилност едека имаат рок од 30 дена да исполнат низа таксативно наброени услови доколку не сакаат суспензија или целосно затворање на агенцијата во Македонија и прекин на поддршката од Брисел.
Меѓу условите е и промена на директорот, Петар Богојески, кој денеска соопшти дека поради „надградбата на коалицискиор договор“ си заминува од таа позиција.
Како што дознава Инфомакс на 25 мај во МОН добиле писмо од Европска комисија, дека имаат 30 дена рок за агенцијата да не добие суспензија да ги спроведе корективните мерки, покрај забелешката за промена на директорот, од Брисел не се задоволни и дека не е покренат случај за злоупотреба на 2,2 милиони, пари кои се испумпувани пари од повеќе училишта преку една организација, стар случај за кој веќе има кривична пријава.
Медиумите претходно во 2024 година пишуваа за поврат на 2,2 милиони евра кој ќе треба да го изврши Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за средства злоупотребени преку програмата „Еразмус плус“.
Договорот Мицковски Богојевски да го напушти директорското место во Еразмус бидејки бил поставен без консултација со Брисел од причини дека тоа се европски пари денеска со известување на наставно научниот совет на Воената Академија со препорака на министерот Мисајловски почнува да се реализира. Мицковски по шут картата на Богојевски од Брисел денеска го смести на Воената академија иако е лидер на вон парламентарната партија Македонски концепт а Богојевски во денешната објава потсетува на неодамнешниот договор со премиероти и најавува дека наскоро ке биде и во служба на народот односно власта ќе му најде друго директорско место а за возврат тој ке продолжи да ја „засилува“ со коалицирање на неговата вон парламентарна партија,