Богојески го суспендирал Мерко од ЕУ фондови: Угледот и буџетот на ЕУ мора да бидат заштитени


Директорот на Националната агенција, Петар Богојески, лично иницирал итна постапка за суспензија на Универзитетот поврзан со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко од сите тековни и идни програми финансирани од Европската Унија.

Причината за ваквата драстична мерка е сериозното нарушување на кредибилитетот на образовните ЕУ програми кои би ги користел Универзитет, за кој се сè погласни обвинувањата за системска продажба на дипломи, нелегитимни студенти од странство и сомнителни трансакции поврзани со европски средства. Универзитетот е веќе предмет на повеќе новинарски истражувања и се поврзува со структури за кои постојат индиции за организиран криминал.

Богојески во известување до ЕК образложил дека донел таква одлука поради заштита на угледот и буџетот на ЕУ и враќање на достоинството во очите на македонските граѓани. Сопственикот е обвинет за повеќе видови криминал и се наоѓа на црната листа на САД.

Богојески побарал и поништување на акредитацијата што ЕУ претходно ја доделила на оваа институција.

Богојески рече дека постапката е во тек, а угледот и буџетот на ЕУ мора да бидат заштитени.

Back to top button
Close