Богоев тврди: Паркетот во „Белата палата“ е ист како во премиерскиот кабинет

Некогашниот градоначалник на Општина Карпош и актуелен потпретседател на СДСМ, Стефан Богоев, во гостувањето на ТВ24 говореше за одлуката на Основниот суд Скопје 1 за судски наредената конфискација на партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, познат како „Белата палата“.

„Според информации од лица што биле таму, паркетот во палатата е идентичен со паркетот во премиерскиот кабинет. Таа палата некој своевремено ја правел да му личи како дома, односно како во влада. Може да има премиерски паркет, но нека собере регуларна членарина и со легални пари“, истакна тој.

Back to top button
Close