Богоев засега не е однесен пред суд и нема информации дали ќе се бараат некакви мерки
Ниту Финансиската полиција, ниту Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, не потврдуваат дека поранешниот директор на Царинската управа и поранешниот градоначалник на скопски Карпош од СДСМ, не потврдуваат дека Стефан Богоев е приведен и нема информации дека се бараат некакви мерки за обезбедување за него, пренесе Слободен печат.

Засега ниту Богоев, ниту другите осомничени во случајот кој вчера одекна во јавноста како вест дека е „приведен Стефан Богоев за злоупотреби со тендери“ не се однесени пред Судија за претходна постапка во Кривичниот суд.
Со реакција излегоа единствено од неговата матична партија. Последните неофицијални информации беа дека се врши претрес во неговиот дом и официјалните информации кои беа соопштени од Управата за финансиска полиција и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција






