Богоевски: Никој не го видел конкретно францускиот предлог, да бидеме внимателни

Поранешниот пратеник Павле Богоевски вели дека пишувањата на бугарски „Медиапул“ околу францускиот предлог за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје, треба да ги земеме со резерва.

„Тоа е маргинален сајт, кој во минатото провоцирал одредени делови од македонската јавност. Дел од опозицијата падна на тие провокации и веќе имаме прогласување нокаут за дипломатијата на Македонија, па правење споредби со Украина. Според мене, тоа е влегување во проруска стапица. Треба внимателно да ги анализираме информациите што се на располагање. Засега никој конкретно не го видел тој француски предлог“ рече Богоевски во емисијата „24 анализа“.

Тој посочува дека по објавувањето на предлогот, ќе има турбулентен период на бугарската политичка сцена.

-За жал, немаме време до крајот на јуни за сите чекори. Сепак, значајно е да се отстранат првичните пречки и да го имаме францускиот предлог и јасен дефиниран став на Бугарија. Што се однесува до Бугарија, таму ситуацијата е неизвесна. Не мислам дека прашањето за опстојувањето на владата на Петков е толку тесно врзано со прашањето за ветото. Македонското прашање е најголемото прашање за распадот на владата на Петков, смета Богоевски во емисијата „24 анализа“.

Back to top button
Close