Боки 13 избркан од судница

Судијката Софче Ефремова Гаврилова на денешното рочиште за „Меѓународен сојуз“ го отстрани првообвинетиот Бојан Јовановски од судница. Судијката најпрвин го опомена Јовановски да запре со недоличното однесување, по што одлучи да биде изнесен од судницата.

-Ви претат дека ќе ве разрешат. Тоа ви го прават и затоа се плашите кога ќе се спомене политика. Ја кажувам вистината, нема никаква тенденција, рече Јовановски.

По ова судијката нареди тој да биде отстранет од судницата.
извор: Фокус

Back to top button
Close