Боки-13 преку писмо соопшти дека кривично ќе гони 40-тина функционери и бизнисмени

Бојан Јовановски денеска продолжи со поднесувањето кривични пријави во обвинителството. Преку соопштение на осум страници напишано рачно, Јовановски информира дека пријавите се однесуваат на носители на јавни функции, членови на нивни семејства, бизнисмени.

Во соопштението наведува дека станува збор за околу 40-тина лица, кои според пријавите треба да одговараат за злоупотреба на службена положба, измама, давање лажен исказ.

„Со случајот Рекет игравме правна држава но доста беше таа фарса. Сега треба да дојде време на вистинско владеење на правна држава каде поштедени нема да има. Сега на сите ни е јасно зошто мојот телефон не е вештачен“ се вели во соопштенито на Бојан Јовановски кој и денеска пред обвинителството изнесува докази и поднесува кривични пријави против финкционери за 20 кривични дела.

Јовановски пишува дека се надева дека ќе се процесуираат пријавите меѓу кои има пријави за кривични дела тортура, не пружање лекарска помош, изнуди , но и за злоупотреби на функции. Поради тајноста на постапката тој не ги соопштува имињата против кои ги поднесува пријавите, вели ќе ја почитува постапката но бара и обвинителството да постапува по неговите пријави.

Во соопштението тврди дека е цел на тортура и уцена,но не се плаши и ќе се бори за вистината.

Му укажува и на обвинителот Јовевски дека за она што го зборува сега пишувал писмо до првиот човек на обвинителството уште во ноември лани, сакајки да потенцира дека сегашните пријави немаат никаква врска со пресудата која му беше изречена неодамна.

„Единствено ќе ме спречат доколку ме личат од живот!“, вели Јовановски и најавува дека нема да застане во борбата за отривање на вистината за Рекет , за него , за многу други случаи во државата, како и за односот и злоупотребите од политичарите за кои тој тврди дека има несоборливи докази.

Адвокатот на Јовановски, Сашко Дуковски. изјви дека очекува по целосно документирање на случаите, Обвинителството да отвори предмети за поднесените кривични пријави.

Back to top button
Close