Боки- Царовска ја донесе авторката на проектот

Јовановски во својот исказ на денешното судење изјави дека проектите за старечки домови, кои според обвинителството се фиктивни всушност се реални, со договори потпишани и донесени на собрание на невладината „Меѓународен сојуз“ и проекти прераснати во платформи.

– Поддршка имав и од Мила Царовска, тогашната министерка за социјала, од Оливер Спасовски, а бевме на прием и кај екс премиерот Зоран Заев. Ние всушност функцииниравме како министерство за социјала, згрижувавме деца и сега некој мојата хуманост ќе ја доведува во прашање? Никогаш не сме злоупотребиле буџет на Македонија, а парите кои подоцна се уплаќани на 1ТВ се легални. Средствата на бизнисмените Мицевски и Амзоски не се уплатени на сметката на „Меѓународен Сојуз“, туку на приватна сметка. Што се тие, мали бебиња за да ги измами некој – изјави Јовановски.

 

Back to top button
Close