Боки до судијката: Ти си најголема хиена и слуга за Заев

По денешната објава на пресудата за случајот „Меѓународен сојуз“, со која Бојан Јовановски-Боки 13, беше осуден на 9 години затвор, тој револтирано и се обрати на судијката и ја нарече слуга на екс премиерот Зоран Заев.

-Ослободени беа по налог на Зоран Заев, по негова интервенција за да ги лапнат парите. Мене ќе ме судиш 9 години. Најголемата хиена, слуга на Зоран Заев. Оваа пресудата е доказ дека ти си слуга на Зоран Заев, но Господ казнува не казнуваш ти, рече Јовановски по што ја напушти судницата.

Покрај Јовановски, казна затвор доби и обвинетата Јасна Ерцеговиќ, односно 4 години, а Фросина Ременски се ослободува од обвинението.

-Јавниот обвинител не докажа дека обвинетата Ременски го сторила делото за кое се гонеше, истакна судијката.

Обвинетата Христина Блажевска пак е осудена на казна затвор од една година. Таа беше ослободена од вина за кривичното дело измама, но беше прогласена за виновна за помагање за извршување на делото „Перење пари“. Таткото на Боки 13, Миле Јовановски, доби условна казна од две години.

Правното лице Меѓународен сојуз е осудено на 1 милион денари казна.

Back to top button
Close