Боки доби нови 9 години затвор, Ерцеговиќ 4, Ременски – ослободителна пресуда за “Меѓународен сојуз”

Бојан Јовановски – 9 години затвор

Фросина Ременски – ослободителна пресуда

Миле Јовановски – условна осуда

Јасна Ерцеговиќ – 4 години затвор

Христина Блажевска – 1 година затвор

Казните за обвинетите се неправосилни – а се за случајот Меѓународен Сојуз.

Според обвинителниот акт, во периодот од 8 јули 2017 година до 13 април 2018 година првообвинетиот, како претседател на обвинетата невладина организација Меѓународен сојуз, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, ги искористил документите од посочената НВО и довел и одржувал во заблуда две оштетени лица.

Тој лажно прикажувал дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилен сервис, како и субвенции од страна на државата и оштетените вака доведени во заблуда на штета на својот имот му исплатиле преку Македонска авторска агенција износи кои надминуваат значителна вредност, и тоа 719 905 евра, односно 233 821 евра во денарска противвредност.

Back to top button
Close