Боксерот Чавез префрлен во мексикански затвор

Откако беше депортиран од Соединетите Американски Држави, мексиканскиот боксер Хулио Сезар Чавез јуниор е префрлен во затвор во северната мексиканска држава Сонора.

Американските имиграциски власти го уапсија Чавез на 3 јули во Лос Анџелес поради наводни врски со мексиканскиот картел Синалоа.

Мексиканските власти подигнаа обвинение против него и уште осум други лица за вмешаност во организиран криминал.

Според обвинението, Чавез работел за Нестор Ернесто Перез Салас, водачот на картелот Синалоа.

Американските медиуми објавија дека сопругата на Чавез, Фрида Чавез, претходно била во врска со Едгар Гузман Лопез, еден од синовите на озлогласениот мексикански нарко-бос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, кој беше осуден на доживотен затвор во САД во 2019 година.

Откако Едгар беше убиен во престрелка меѓу ривалските картели, Фрида се пресели во САД каде што подоцна се омажи за Хулио Сезар Чавез, со кого има две деца.

Чавез беше осуден во Калифорнија пред 13 години за возење под дејство на алкохол, а во јануари 2024 година беше осуден за нелегално поседување оружје. Тој беше притворен пет дена откако загуби од јутјуберот Џејк Пол, кој во меѓувреме почна боксерска кариера

Back to top button
Close