Boksy.mk – Првата детска апликација за читање и слушање над 200 книги во Македонија!

Мобилната апликација е веќе достапна и може да се преземе од App Store & Play Store. Таа е компатибилна за мобилен телефон и таблет. Корисниците ќе може да се претплатат и за 199 денари месечно да уживаат во дигиталната библиотека и игри

Паметните телефони инспирираат многубројни паметни идеи и иновации. Овој пат иницираа светогледот на децата да стане побогат со специјализирана апликација за читање и слушање книги „Бокси“. Или во превод, децата ќе добијат онлајн лична библиотека на дланка. Еден клик ќе ги спојува со еден магичен книжевен фонд.

Првата детска апликација за читање и слушање книги Бокси (Boksy) е достапна за сите љубители на книгата. Над 200 наслови се дел од библиотеката на Бокси и бројот континуирано ќе расте. „Светот на Биби“, забавни сликовници, авантуристички приказни, едукативни книги, басни, поучни четива од светот на животните, „Стела и Сани“, „Дневникот на едно шмокле“, „Ешка и Ешко“, „Јазовецот Итре“, „Мимбо Џимбо“ и уште многу други книгички можат да се прелистаат на апликацијата.

Фредерик Даглас своевремено изјавил: „Кога еднаш ќе научите да читате, засекогаш ќе бидете слободни.“
„Бокси“ ви дава слобода да летате и да прелетувате од еден микросвет во друг, и да ја искусите магијата на книгата. Со „Бокси“ добивате билет со мегапопуст до секаде.

– Апликацијата е за дечиња од 3 до 16 години. Ги имаме најновите и најбарани наслови на пазарот, но исто така може да се пофалиме и со безвремени класици како „Мумин“ и „Малиот принц“. Значи, може да се каже дека апликацијата е наменета за сите возрасти, од 3 до 103. Книгите се од речиси сите издавачки куќи во Македонија и функционираме со месечна претплата од 199 денари. За тие 199 денари, корисниците имаат пристап до апликацијата и може да ги читаат сите наслови. Моментално нашата библиотека брои над 200 книги, што би значело дека корисниците добиваат книги за помалку од еден денар. Допрва ќе ја надградуваме библиотеката со нови изданија, аудиокниги и квизови – споделуваат творците на „Бокси“.

Бокси“ претставува иновативен модел на креативен спој помеѓу учењето и забавата, веќе успешно применет на нордискиот пазар. Апликацијата содржи книги на македонски, англиски и албански јазик. Покрај книгите, во апликацијата ќе има едукативни квизови, дневни и неделни предизвици, креирање сопствени аватари, како и можност за натпреварување со другарчиња. Најдобрите читатели можат да освојат уникатни награди. На тој начин читањето е и корисна и забавна активност.

Back to top button
Close