Болдвин испрашан во полицијата за трагедијата на снимањето на новиот филм во Ново Мексико
Актерот Алек Болдвин, кој денеска на снимање на филмот „Rust“ во Ново Мексико, ја уби директорката на фотографија и го рани режисерот, бил на разговор во полицијата како дел од истрагата за трагичниот инцидент кој ја потресе фимлската индустрија.
„Дојде доброволно и ја напушти зградата откако ги заврши интервјуата – рече портпаролот на шерифот на Санта Фе, во изјава за новинската агенција АФП.
Медиумите објавија дека тој бил видно вознемирен и во солзи.
Халина Хачинс (42) е убиена, а режисерот Џоел Соуза (48) е повреден околу 13 часот и 50 минути на сетот од филмот кој се снима во округот Санта Фе, а околностите за пукањето се испитуваат.
Пукањето се случило на средина на сцената, што или се вежбала или се снимала и дека канцеларијата на шерифот интервјуирала луѓе од сетот за да се утврди како двајцата се застрелани.
„Како можеше ова да се случи?“,
напиша на Твитер битанскиот продуцент, новинар и водител Пирс Морган, и објави фотографии од местото на трагедијата.
Истрагата треба да утврди како се случило во пиштолот да има вистински куршуми.