Болеста на СДСМ, не е од таков карактер, за да ја излечи лекар!?
Ако, јас, добро го читам “распоредот на звездите!”, тогаш, новиот лидер на СДСМ, ќе биде лекар.
Ако сакаме да бидеме мариовски мајтапчии, тоа, и не би било лошо. СДСМ е во тешка кома и му е неопходен, еден, добар, професор д-р промариус, за да го анимира и врати во живот.
Меѓутоа, проблемот е во тоа што болеста на СДСМ не е од таков карактер, за да биде излечена од лекар.
Деновиве, прочитав интересна опсервација од потпретседателката на партијата, мене драгата, Сања Лукароска, која, трагајќи по причините за епскиот ппораз на СДСМ, мегу другото, ја наведува ендемската болест на партијата – АРОГАНЦИЈАТА И НЕДОПИРЛИВОСТА!
Се мисли на раководството, а и на поширокото членство, оние од повисоките партиски ешалони, инфилтрирани и влебени во институциите на системот.
Ако е така, А ТАКА Е без задршка, тогаш, и институциите патат под ендемскаста болест – АРОГАНЦИЈА И НЕДОПИРЛИВОСТ! Кога е во прашање плебсот, како и да не постојат!
Критичарите и забележуваат на Лукароска, дека,СДСМ има и други болести, дека мегу нивните редови се инфилтрирале многу другарки и другари, кои се одзиваат на имињата Мито и Корупција, дека првенците им летаат со приватни авиончиња – откако во буџеларите им влетале стотици илјади евриња од јавните претпријатија, раководени и контролорани од другарките и другарчињата!
И тоа е така, ама, коренот на сето тоа, повторно, е во ароганцијата и недопирливоста. Само арогантен, недопирлив, самбендисан, надуен и самоуверен, бахат и неодговорен, можеда си дозволи да побара, или, да даде од народното – во неограничени количини!
Оние што во одреден период (и за одреден период!) се вмешале во ова шарено друштво, мегу кои спаѓам и самиот, а родителите не учеле, “да не пиеме вода од државна чешма”, брзо осознававме дека не сме за тамо каде што сме биле, те, или, се повлекувавме самоиницијативно, или, беше побарано.
Врти сучи, што би рекол бегалецот во Бјудим и Пешта, “шилото ќе излезе од вреќета!”, особено ако нечии нечисти раце, од сто ошавки во вреќата, ја извлекуваа единствената краставица, кога требаше да се поставуваат другарките и другарите на одговорни позиции.
Едно време, бахатоста, самобендисаноста и извлекувањето на кадрите за одговорни и помалку одговорни позиции, се манифестираше низ отворената поделба и етикетирање, на елита и провинцијалци.
Надоврзано на вечната болест: подобни и послушни, а не способни, оваа поделба донесе катастрофални последици.
Лојалноста, како основен критериум за напредување не е никаква посебност на СДСМ. Тоа го има во сите партии, но, овде “охриѓанците ја усовршија пицата измислена од Италијанците!”, до степен на “совршеност!”
Лојалност без човечки и етички фундамент, е еднакво на бахатост, на бестијалност, која, оди до неслутени размери. До – верувале, или не !?
Да го наполниш чекмеџето, до врв, со пари од полугладниот народ, да ги задоволиш сите овоземни потреби, те да тргнеш по раскопување на туѓи вечни почивалишта, само колку да си овозможиш поповолна позиција и на оној свет, не е само бесрамно, туку и лудо!
И уште очекуваше, дека, охриѓани ќе ја гласаат уште еднаш!!!
Негативна кадровска селекција имаше и во социјализмот на Броз. Кога го собра Севишниот, државата ја остави со кочлективно раководств (Претседателство) и претседател – Македонец.
Македонска направија! Усовршена во СДСМ! Во периодите, кога, до Шефот, или Папата – кој како милува, стоеше Попадија, која се одзиваше на “македонската Кејт Мос!”, и, која, толку го беше зела низ нозе првопретпоставениот, те , кутриот, морал да ги трпи сите нејзини хирови!
До каде оди тоа “замешатељство” е тешко да се опише со зборови, тоа може само да се доживее и почувствува само на своја кожа!
Кој паметен, со денешните сознанија за таа опскурна појава, би поверувал дека едно време во СДСМ “палеше и жареше!” една “дама!”, зад која не стоел никаков професионален, стручен, па дури ни човечки фундамент!?
Но, со огромно влијание во носењето на одлуките, во прифаќањето, сугерирањето ( и отфрлањето) на кадри само според старата латинска мудросат: Similles Similli Gaudet (Сличен на сличен си се радуваат).
Како од денешен аспект ви изгледа изборот, до првата позиција во партијата и власта, да се пробие личност со толку видливи (лични и семејни) криминални афимнитети, а без трунка морални доблести.
Така и се стигнува до неверојатниот парадокс: луге со толку “путер” од криминал на главата, со правосилни судски пресуди, наместо од зад решетките, да се појавуваат пред студентите, од академските катедри, и, да предаваат, ниту повеќе ниту помалку, туку, токму – право !?
Каде го има тоа на друго место? Ниту во Колумбија!
Како понатаму? Никако “како досега”, како што зоти Али го учеше другарот Таче!
После големиот пораз на партијата во 1988 година, “кога народот погреши, иако беше во право!” ( Бранко Црвенкоски), на една трибоина во Охрид, истиот, рече дека партијата треба да се ресетира!
Собрав храброст, јавно да му одговорам, дека е доцна за ресет, дека е потребен рестарт, ако не и РЕПРОГРАМИРАЊЕ – ПРЕФОРМАТИРАЊЕ!
Тогаш, тоа, беше оценето – КАКО ПРЕМНОГУ!
Се плашам, дека, денеска, и тоа, е ПРЕМАЛКУ!!!
Веле Митаноски