„Болка за која нема зборови“ – Јавноста се простува од Панчо

Пријателите и соработниците се простуваат од Владимир Блажев – Панчо кој почина седум месеци по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Кочани продолжува да боли, Никогаш нема да бидете заборавени, Ќе биде на некое поубаво и поправедно место… се само дел од пораките со кои се збогува македонската јавност.

„Џуџе мое, многу ќе ми фалиш“, напиша Перо Антиќ.

„Широко небо Панчо. Не наоѓам зборови џуџе, мислев нема да се дадеш“, стои во пораката на Миа Костова.

„Фала ти за секој совет, фала ти за поддршката што ми ја даваше секогаш во секое време, ќе ни фалиш на сите“, напиша Антониа Гиговска.

„Подаваше рака. Ми ги читаше книгите и секогаш сакаше да поддржи. Многу ми е жал. Без зборови сум. ДНК ќе живее вечно со вашата музика. Се поклонувам. Фала ти Панчо за сѐ. Сочувство до семејството“, пишува писателката Ксенија Николова.

Над дваесет години на заедничката музичка патека, Панчо и Андреј, познати како ДНК, оставија неизбришлив печат на македонската музичка сцена

Back to top button
Close