Болницата „8 Септември“соопшти дека неврологија работи непречено: Имавме само дефект

Сигурноста на персоналот и пациентите е наше мото и сите сме целосно посветени на тоа, велат од ГОБ „8 Септември“.

ГОБ „8 Септември“ соопшти дека одделот за неврологија работи непречено и дека немало поплава во просториите за интензивна нега на овој оддел, туку само технички дефект на водоводна цевка.

Од болницата информираат дека одделот за неврологија работи непречено.

„Всушност, се работи за саниран мал технички дефект на водоводната цевка. Одделот за неврологија функционира непречено, со давање соодветна здравствена заштита на пациентите.Сигурноста на персоналот и пациентите е наше мото и сите сме целосно посветени на тоа. ЈЗУ ГОБ „8 Септември“ – Скопје е посветен и пружа здравствена заштита на нашите пациенти на највисоко ниво“, се наведува во соопштението.

Back to top button
Close