Болничарот Јовица Ѓоргиев од Итната помош спаси 15-годишно девојче на плажа во Албанија

Денеска на Градската плажа во Саранда, во Албанија, се случи инцидент. Имено, на плажата е извадена давеничка во бесознание на возраст од 15 години.

Девојчето било извадено на плажата без знаци на живот и помодрено.

На нејзина среќа, на плажата летувал нашиот болничарот Јовица Ѓоргиев од Брзата помош.

Како што вели докторот во неговата објава на Фејсбук, според обуките на докторите во Брзата помош, тој извршил итна реанимација која била успешна, па девојчето се освестило. Потоа било преземено од медицинската екипа на Брзата помош во Саранда и е надвор од животна опасност.

 

 

 

Back to top button
Close