Болсонаро именува генерал за министер за здравство

– Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро го именувал генералот Едуардo Пазуелo за нов министер за здравство, откако неговиот претходник поднесе оставка пред 19 дена.

Претходните двајца министри за здравство поднесоа оставки поради несогласувањето со пристапот на шефот на државата кон пандемијата на новиот коронавирус, а Болсонаро изрази надеж дека генералот, кој ја извршува оваа функција од 15 мај и нема никакво искуство во здравството, ќе остане долго на должноста.

Бразил е втора земја во светот по број на заразени со Ковид-19, веднаш зад САД, со повеќе од 560.000 заболени лица и над 31.000 смртни случаи.

Back to top button
Close