Болсонаро се закани на новинар дека ќе го удри

 Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро се закани на новинар дека ќе му „удри шлаканица“ затоа што го прашал за поврзаноста на неговата сопруга со наводен корупциски скандал.

Новинарот бил во групата која се состана со Болсонаро по неговата редовна посета на Метрополитенската катедрала во бразилската престолнина.

Како што пренесуваат странските агенции, Болсонаро ги игнорирал реакциите на другите новинари по тој гест и заминал без дополнителни коментари.

Back to top button
Close