Болсонаро втор ден по ред ги нападна новинарите

– Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро повторно ги нападна новинарите, еден ден откако се закани дека ќе удри еден репортер, кој го праша за сомнежите за корупција на неговата сопруга, првата дама на Бразил, пренесоа француските медиуми.

Зборувајќи на настанот наречен „Бразил го победи Ковид“, Болсонаро ги обвини новинарите за „злоба“ и „разврат“ и додаде дека тие се „дебели задници“ кои се под зголемен ризик од коронавирус.

Десничарскиот лидер, кој во јули се зарази со Ковид-19, изјави дека заздравел благодарение на својата „спортска форма“ што ја стекнал додека служел како капетан во бразлиската армија.

-Но, ако некој од вас, масни за+++ци, го фати коронаврирусот, неговите шанси за преживување ќе бидат далеку помали. Вие знаете само злобно да ги користите вашите пенкала, им рече тој на новинарите што го покриваа настанот.

Познат и како „тропскиот Трамп“, Болсонаро има тензична врска со медиумите уште од стапувањето на должноста, во јануари 2019 година.  сд/

Back to top button
Close