Болтон: Трамп се ставаше на страна на диктаторите кои му се допаѓаа

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп се ставал на страна на авторитарните лидери на други земји и тоа понекогаш го правел во политичка полза за негов реизбор, се дознава од новата книга на Џон Болтон, поранешен советник за национална безбедност на Трамп.

-Тоа беше шема на постојано попречување на правдата со која ние живеевме и не можевме да прифатиме такво нешто, истакнува Болтон во својата книга, насловена „Собата каде тоа се случи“, јави денеска Њујорк тајмс.

Болтон опишува неколку случаи кога претседателот изразил спремност да запре криминални истраги „за ефективно да прави лични услуги на диктаторите кои му се допаѓаа“. Наведени се случаи на големи компании од Кина и Турција, но во центарот е и сагата со Украина и Володомир Зеленски која доведе до истрага за импичмент.

Се наведува и епизода кога трговските преговори со Кина Трамп ги условуавал со негов реизбор, со барањето до кинескиот претседател Си Џинпинг да купи американски земјоделски производи за да помогне да добие поддршка од државите каде главна гранка е земјоделието и фармерството.

Промоцијата на книгата е во вторник и веќе е бестселер на Амазон. 

Back to top button
Close