Бомгартнер за ТВ 24: Да испорачаме резултати и брз старт на преговори на Македонија со ЕУ

Да бидеме внимателни и да не се обврзуваме со датуми , туку да испорачаме резултати, вели францускиот амбасадор во земјата Сирил Бомгартнер за емисијата ЕВРОПАТ на ТВ 24. Бомгартнер порачува дека ветувањата без реални резултати влијаат врз граѓаните и се раѓа разочарување и евроскептицизм.

– Треба да бидеме концентрирани на активностите што ги водиме и да се обидеме да направиме се што е можно , навистина во некои разумни рамки за да ја постигнеме целта која што ја посакуваат сите во Европа, а тоа е навистина договор колку што е можно побрзо, вели Бомгартнер.

Тој вели дека ЕУ за ова прашање е многу добро координирана со Американците кои што посакуваат да одиграат корисна улога, а што се однеува до Франција и Германија има вистинско политичко внимание за ова досие и прашање и има дијалог кој што е непрекинат за оваа тема, сето тоа со желба да се постигнат услови и старт на претпристапните преговори  колку што е можно побрзо.

 

Back to top button
Close