Борче Стаменов и д-р Ирфан Ахмети добитници на државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година
Борче Стаменов од иницијативата „Донирај компјутери“ и доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија се добитници на државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година, која ќе им биде врачена на 26 август во Собранието.
-Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ одлучи наградата за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери, во 2025 година да им се додели на Борче Стаменов од „Донирај компјутери“ и на доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија, се наведува во соопштението..
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 26. август година во 11 часот (вторник) во Собранието на Република Северна Македонија