Борче Трајковски: Абе Орце, абе несреќо скопска …
Каков е тој “Свечен отчет“ бе момче? Каква е таа свеченост која ќе ја покажуваш пред публика во преполна сала на партијски послушници, а градот и после 100 дена корне на депонија, на неиспразнети канит за ѓубре и преполни контејнери?

Ќе ја попрскаш салата со парфеми и други дезодоранси од типот “покошено сено“ и сл.? Што и да докажуваш во тој твој комерцијален отчет, за кој скопјани ќе плаќаат, паѓаш на најосновната потреба на скопјани. Чистотата.
Не 72 часа, вака како што почна да тераш, 72 години нема да ти бидат доволни зада успееш да го реализираш ветеното за 72 часа.
Не му требаат на Скопје и скопјани свечени седници, изнудени аплаузи, режирани овации, бе, дечко. На Скопје, пред сообраќајници, подземни и надземни, му треба хигиена.
Чисти улици, населби и средени диви депонии, чист воздух и редовен превоз.
А ти најавуваш свечен отчет за 100 дена градоначалник во Филхармонијата.
Ало Орце, искористија предноста што ја доби од гласачите и остави ние да кажеме што направи за овие 100 дена.
И едно прашање, онака, дополнително, дај барем организирај после свеченоста сендвичи на Камени, и по некој сладолед у Жена парк.
Кад ја бал, нек ј е маскенбал …
Резил …
Извор: Фејсбук






