Борел го објави годишниот извештај за состојбата на човековите права во 2023 година

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел го објави годишниот извештај за состојбата на човековите права и демократијата во светот за 2023 година, истакнувајќи оти ЕУ останала цврста во својата посветеност за поддршка и унапредување човековите права и демократијата минатата година.

– Оваа година се одбележуваат 75 години од Универзалната декларација за човекови права, фундаментален документ кој го отвори патот за законот за човекови права што светот го знае денес, посочи Борел во предговорот на извештајот, објавен на веб-страницата на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Тој додаде и дека „извештајот, во покомплексен геополитички пејзаж обележан со невидени предизвици, служи како сеопфатен преглед на напорите и достигнувањата на ЕУ, како и на предизвиците со кои се соочува во поттикнувањето на свет каде што човековите права се почитуваат и поддржуваат демократските принципи

Back to top button
Close