Борел го поздрави договорот за одржување избори на 15 јули

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел денеска го поздрави постигнатиот дговор за одржување на предвремените парламентарни избори на 15 јули.

– Го поздравувам договорот постигнат меѓу политичките партии во Северна Македонија за одржување на парламентарните избори на 15 јули. Се надевам на кредибилни избори и дека земјата ќе продолжи да се движи напред по европскиот пат, објави на Твитер Борел.

Back to top button
Close