Борел го предупреди Израел за анексијата на палестинските територии

 Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жосеп Борел, повтори дека ставот на Унијата во однос на израелско-палестинското прашање останува исто – две држави и еднакви права за сите, јави дописничката на МИА од Брисел.

Борел пораката ја упати пред Европскиот Парламент денеска, во контекст на продолжување на политиката на анексија на палестинска територија од страна на израелските власти.

-Нашиот став е јасен: има силно мнозинство на земји кои продолжуваат да поддржуваат компромисно решение за две држави врз основа на меѓународни параметри, порача шефот на европската дипломатија.

Тој го повика Израел “итно да се воздржи од унилатерални одлуки кои би довеле до анексија на било кој дел од окупираните палестински територии.“

-Ова би претставувало сериозно нарушување на меѓународното право, во март во Женева 27-те земји членки се согласија околу ова. А потоа ова сериозно би и наштетило на перспективата за две држави. Трето, тоа би било негативни последици врз регионалната стабилност, нашите односи со Израел и односите помеѓу Израел и арапските држави и можеби и безбедноста на Израел, што е нешто за што не преговараме, додаде Борел.

ЕУ ќе продолжи да посредува помеѓу сите страни за изнаоѓање заеднички прифатливо решение.

Back to top button
Close