Борел:Ова е момент на будење за Европа, да почнат формалните преговори со Македонија и Албанија

Знам дека имате одредени очекувања и со право. Треба да почнеме формално преговарање за пристапување на Македонија и Албанија што поскоро и се надевам дека тоа ќе биде можно на следната меѓувладина конференција, порача денеска од Скопје високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел.

По средбата со премиерот Димитар Ковачевски, Борел истакна дека Македонија и целиот регион се стратешки приоритет и ЕУ е посветена европската перспектива за овие земји да ја направи реалност.

Борел го поздрави новиот импулс меѓуМакедонија и Бугарија, подвлекувајќи дека ги поттикнува двете страни да најдат заемно прифатливи решенија и да ги разрешат билатералните прашања зашто „проширувањето не може да продолжи ако е попречено од билатерални прашања”.

-Паралелно, реформите на Македонија во владеењето на правото, борбата против корупцијата, дигиталната трансформнација и зелената агенда ќе овозможат брз прогрес кон преговорите. Сите актери треба да соработуваат за унапредување на европската реформска агенда како најбрз начин земјата да напредува на европската патека, истакна високиот европски претставник.

Борел ја поздрави позицијата на Македонија во однос на руско-украинскиот спор, застанувајќи зад санкциите и осудувајќи ја агресијата на Русија врз Украина.

-Одлуката да се усогласите со рестриктивните мерки, јасно ја покажува вашата посветеност кон вредностите на ЕУ и ве става на патот кон Европа не само како кандидатка за членство, туку и како одговорен член на меѓународната заедница зашто ова за што зборуваме е морален избор, а не избор поради калкулации. Јас сум сигурен дека ова го решавате врз основа на моралните принципи, подвлече Борел.

Потпретседателот на ЕК најави и нов, четврти пакет санкции за Русија

 

 

Back to top button
Close