Борел: Претседателските избори во Никарагва ќе бидат лажни

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел изјави денеска дека претседателските избори во Никарагва, кои ќе се одржат на 7 ноември, ќе бидат лажни и организирани од диктаторски режим.

– Ќе продолжиме да инсистираме на демократија, човекови права и владеење на правото, истакна Борел на прес-конференција во Луксембург по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Тој нагласи дека ЕУ инсистира на ослободување на политичките затвореници и одржување слободни и фер избори.

– Оние кои ќе се одржат се лажни избори, организирани од страна на диктаторскиот режим, додаде високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.

Back to top button
Close