Борисов: Честитки за мудрата и одговорна одлука да го прифатите францускиот предлог

Лидерот на најголемата опозициска партија во бугарското Народно собрание ГЕРБ Бојко Борисов им честиташе на пратениците во македонскиот Парламент за прифаќањето на францускиот предлог.

epa08233828 Bulgaria’s Prime Minister Boyko Borisov arrives for the second day of a Special European Council summit in Brussels, Belgium, 21 February 2020. EU heads of state or government gather for a special meeting to discuss the EU?s long-term budget for 2021-2027. EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Борисов во објава на „Фејсбук“ упатуи честитки за мудрата и одговорна одлука на македонското Собрание со која се отвораат вратите за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

 

Ова е процес, вели Борисов, кој е започнат уште во 2017 година кога беше потпишан Договорот за добрососедство и на преден план беше изведена заедничката историја меѓу двете земји.

 

– За време на бугарското претседавање со ЕУ во 2018 година, ние бевме тие кои ја вративме темата за проширувањето на агендата на Европа. Отсекогаш верував дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е клучна за мјирот, разбирањето и просперитетот, напиша Борисов во објавата на „Фејсбук“.

Back to top button
Close