Борисов до Заев: Радев ќе ви каже дека ништо не можат да направат, истовремено ги лажат и евроатлантските партнери

„Ќе имате многу средби денеска. Јас сум убеден, бидејќи ги познавам луѓето со кои ќе се сретнете денеска, особено за Радев, дека ќе ви кажат дека без парламент не можат ништо да направат. Ќе ја префрлат пак одговорноста, како за набавката на воени авиони, кон парламентот. Сегашната техничка влада ги има сите права и може да преговара со вас. Нов договор, ако нашиот не им се допаѓа. Но, ќе избегаат од одговорност како што секогаш прават. Истовремено ги лажат евроатлантските партнери, дека се за членство на Северна Македонија во ЕУ“, кажа Борисoв за време на средбата со Заев.

Заев денеска ќе се сретне и со бугарскиот претседател Румен Радев и со техничкиот премиер Стефан Јанев, во обид да се најде решение Македонија да добие зелено светло за почеток на пристапните преговори со ЕУ следната недела.

Back to top button
Close