Борисов: Договорот со С.Македонија е историски, да се почитуваат обврските од него
И бугарскиот премиер Бојко Борисов се огласи по повод тригодишнината од Договорот за добрососедство кој го потпишаа тој и поранешниот премиер Зоран Заев.
Борисов порача дека Бугарија ќе продолжи да ја поддржува земјата, но и дека европските интеграции значат дека мора да се исполнат обврските од договорот.
-Договорот за пријателство, соседство и соработка со Република Северна Македонија претставува историски чекор во односите меѓу двете земји. Знак дека сме научиле од грешките од минатото и сме подготвени да работиме за безбеден и стабилен Балкан во иднина. Европските интеграции гарантираат мир и просперитет, Бугарија останува доследна во поддршката на европската иднина на Република Северна Македонија, но ова исто така значи и строга усогласеност со добрососедските односи и обврските кои произлегуваат од Договорот – напиша Борисов на Фејсбук.