Борисов: ЕУ ќе ја понижи Бугарија за Македонија  

ЕУ ќе ја понижи Бугарија со цел Северна Македонија да добие зелено светло за почеток на преговорите и сето тоа е поради неуспешната надворешна политика на Румен Радев, изјави поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ.

Борисов го цитира францускиот претседател Емануел Макрон дека до декември Северна Македонија треба да почне преговори, што, според него, значи оти ЕУ ќе ја принуди Бугарија да направи отстапки.

Според Борисов, Радев претставува голема штета за Бугарија, бидејќи, како што рече, ги поделил партиите во земјата.

Back to top button
Close