Борисов и Трифонов на врвот, Каракачанов се прости од парламентот

Централната изборна комисија на Бугарија ги објави податоците за освоени гласови на парламентарните избори од обработените 98,93% од гласовите.

Според нив, ГЕРБ на Бојко Борисов освои 26,14%, „Има таков народ“ на Слави Трифонов 17,73%, БСП 15,02%, ДПС – 10,34%, Демократска Бугарија – 9,52%, „Исправи се! Излези!“ – 4,76%.

Надвор од парламентот со процент на гласови под неопхподниот праг од 4 отсто се ВМРО на Каракачанов со 3,65%, БНО со 2,96% и Преродба со 2,47%, патриотска коалиција „Волја – НФСБ” – 2,38%, Републиканците за Бугарија – 1,27%.

Дури 47 479 гласачи на гласачкото ливче заокружиле „Не поддржувам никого“.

Гласовите од дијаспората убедливо ги освои партијата на Трифонов „Има такви луѓе“со 30,61%, или 51 608 гласови, следува Демократска Бугарија со 17,57% или 29 617 гласови, трета е ДПА со 13,28% или 22 385 гласови.

ГЕРБ доби само 8,67% или 14,623 гласови, Преродба 7,39%, или 12 462 гласа, 6,54% или 11 021 за БСП, БНО 8 865 лица, или 5,26%, ВМРО 2 656 гласови.

Според ЦИК вкупниот број на гласови од странство е 180 илјади. Во најголем број гласале Бугарите од Германија – 33 илјади и од Велика Британија – 32 илјади, додека во Турција 22 000 гласачи.

Back to top button
Close