Борисов: Сите треба да се придржуваат кон Договорот за добрососедство
Лидерот на бугарската партија ГЕРБ, Бојко Борисов, побара од сите да го почитуваат Договорот за добрососедство што го потпишаа Македонија и Бугарија.
„Разговарав со Антонио Кошта, со многу колеги, со Манфред Вебер, со колеги од Европската народна партија.
Имаме Договор за добрососедство, таканаречен француски предлог, и инсистираме сите да се придржуваат до договорот и какви било провокации што се прават не се во ничиј интерес. Оваа декларација уште еднаш потсети дека фундаменталниот документ за модерната историја е Договорот за добрососедство“, рече денеска Борисов.
Според него, Македонија не ги впишува Бугарите во Уставот, а во исто време, во Бугарија се издадени над 100 илјади пасоши на граѓани на Северна Македонија