Борисов убедливо води на анкетите, Радев смета дека е време за нови луѓе

Бугарскиот претседател Румен Радев ги повика своите сонародници да излезат и да гласаат на претстојните парламентарни избори на 4 април. Во обраќањето тој порача дека е време е за нови идеи, нови луѓе и нова доверба во институциите.

„Илјадници Бугари побараа предвремени избори минатото лето. Тие беа одбиени со образложение дека не треба да се одржуваат избори среде пандемијата. Дојде време за редовни избори, но како што можеме да видиме, пандемијата е сè уште тука и не е јасно до кога. Во последните месеци кризата се продлабочи. Затоа ве повикувам сите вас, полнолетни Бугари, размислете, проценете, гласајте. Во недела, сè зависи од нас“, порача Радев.

Инаку, на последните анкети убедливо води ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов, која има 8 проценти предност пред опозициската Социјалистичка партија, додека ВМРО на Карачанов е на граница од постигнување на цензусот за влез во Собранието.

Back to top button
Close